Почетна » Нега » Природна храна » Kако да ги зачувате витамините при готвење

Kако да ги зачувате витамините при готвење

Природна храна

Здравата храна е најкорисна за човековиот организам кога е свежа и ги содржи сите убави состојки кои имаат благопријатно дејство, но сепак голем дел од природните богатства ги внесуваме во телото како зготвени. Во тој процес дел од тие состојки ги губат својствата, но постои начин на кој таа загуба е редуцирана на минимум.

Готвењето на пареа е најдобриот начин да го приготвите зеленчукот, со што ќе го спречите уништувањето и губењето на драгоцените витамини и минерали кои ги содржи. Постојат неколку начини за подготовка зеленчук на овој начин. За најправилен се смета оној кога зеленчукот се готви во корпа која е поставена во подлабок сад. Потребно е сад во кој може да се смести корпа за готвење, да се нареди целиот зеленчук и да се постави во садот во кој има вода. Најдобро е садот да се затвори, со цел да ја забрзате постапката на готвењето.

zelencuk_na_parea

Истражувањата покажуваат дека преку обичното готвење брокулите губат дури 66% од хранливата вредност, додека преку готвењето на пареа само 11% од хранливата вредност.

Брокулата е малку застапена во нашата традиционална кујна, а преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, како и минерали (калциум, магнезиум, железо), бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки. Брокулата е силен антиоксиданс кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали со тоа што го детоксифицира. Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија, па се смета дека спречува настанување на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести.