Почетна » Семејство » Свадба » Како да ги намалите трошоците за вашата свадба?

Како да ги намалите трошоците за вашата свадба?

Свадба

Го кажавте судбоносното „Да“, а сега ви останува само да планирате. Сите невести сонуваат за совршена свадбена прослава со прекрасна храна и шампањ, но ретко кој може да си го дозволи тоа.

Со останатите трошоци околу вашиот најважен ден, како што се изнајмување на просторот за прославата, прстените и невестинскиот фустан, можеби ќе бидете принудени да одберете финансиски поприфатливи порции за оброкот на вашите гости. Но како да го направите тоа?

Одберете храна според сезоната

Менито нека биде составено од сезонска храна. На тој начин ќе имате убава храна, нема да биде премногу скапо, а сепак вашите гости ќе бидат задоволни.

Не нарачувајте друг десерт покрај тортата

На крајот на прославата, доволен десерт е свадбената торта. Никој од вашите гости по обилната вечера или убавиот коктел нема да ви забележи зошто немало и друг десерт. Ретко кој ќе ја проба дури и вашата свадбена торта.

Доколку се решите и за прослава со помладите во некое кафуле, откажете се од малите шотови. На тој начин секој ќе го нарача пијалакот кој го сака, а вие нема да имате дополнителни трошоци.

За најмалите гости, доколку не сакате да додавате друго мени, во ордеверот вклучете нешто што го сакаат децата. Тие сигурно нема да го јадат динстаното телешко што ќе биде сервирано како главно јадење.