Почетна » Дива » Кариера » Кафуле за дремење

Кафуле за дремење

Кариера

Луѓето од студиото за мебел „Смарин“ со седиште во Франција се едни од многуте кои ја признаваат важноста на попладневната дремка. Тие опремија кафуле во Дубаи, каде последниов месец луѓето од Обединетите Арапски Емирати можат да си прилегнат еден час или два во текот на работниот ден.

napbar1

Посетителите на кафулето за дремење или „nap bar“, кое е сместено во еден пренаменет магацин, се охрабрени да си ги наполнат батериите, бесплатно, со тоа што ќе се ослободат од сите електронски уреди и ќе можат да ги затворат очите.  „Смарин“ го опреми просторот со нивните специјално дизајнирани фотелји, придушено светло и музика, ароматичен чај и луксузни перници.

Со повеќе истражувања е докажано дека одморот во текот на работниот ден ги зголемува деловните перформанси, ве прави побудни и ја зголемува продуктивноста на работното место, а да не го спомнуваме и фактот дека одморените луѓе се поспособни да ги контролираат своите емоции, да донесуваат поздрави одлуки и имаат понизок ризик од заболувања.

napbar

Иако е рано да се каже, се надеваме дека оваа пракса ќе биде прифатена насекаде низ светот и иноваторите ќе продолжат да изнаоѓаат нови начини за да го направат приоритетен одморот во текот на работниот ден.