Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Јубилеен дводецениски лет на „Златна бубамара“

Јубилеен дводецениски лет на „Златна бубамара“

Ѕвезди

Ако балканскиот „Монти Пајтон“ на ненадминатото трио Миле, Тошо и Цацко, етаблиран со домашниот бренд „К-15“ беше наша фиданка во продукциската телевизиска џунгла, тогаш „Златната бубамара на популарноста“ е македонското оскаровско шоу кое е поместено секој февруари.

Идејниот творец Ранко Петровиќ, освен како духовен водач, еколошки војвода и џедај на сите времиња кога е во прашање „Златна бубамара“, оваа година има уште една општонародна титула како специјален јавен обединител. Јубилејното дводецениско издание е најавено под мотото „Што ќе биде, нека биде“, со неповторливо шоу во кое публиката прв пат ќе види нешто што досега не е видено во музичко-забавниот свет!

„Метрополис арена“ ќе биде домаќин на ова јубилејно 20. издание  кое ќе се одржи на 20 февруари и претендира уште еднаш да ги собори рекордите во гледаност и посетеност.