Почетна » Џет сет » Музика » Џос Стоун запеа на македонски со Каролина

Џос Стоун запеа на македонски со Каролина

Музика

Британската музичка ѕвезда Џос Стоун, која имаше свој настап на Скопскиот џез фестивал, е позната по тоа што на нејзините гостувања низ светот одбира да отпее изворна песна со познатите пејачи од секоја земја. Џос на својот Фејсбук напиша дека е воодушевена од гласот на Каролина Гочева и генерално, од земјата и луѓето во Македонија, каде би сакала пак да се врати, а како прозвучи песната „Кој да ми запее“ во изведба на овие две музички диви, уверете се сами.