Бидејќи е сезона на грозјето, можете да го направите овој лесен и освежителен колач, кој во оригиналниот рецепт е со маслиново масло и палента, но подеднакво е добар и со обично масло и пченкарно брашно.
Состојки:
150 грама брашно
75 грама пченкарно прашно
1 прашок за пециво
малку сол
2 големи јајца
100 грама шеќер
1 дл масло
0,5 дл млеко
1 ванила
рендана кора од половина лимон
2 шолји исчистено грозје (или она без семки)
шеќер во прав за глазура.
Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот, додајте ги маслото, млекото, ванилата и кората од лимон. Измешајте ги двата вида брашно со пецивото, па полека со мешање додајте ги во јајцата.
Калапот за печење (со пречник од 26 цм) намастете го и попрскајте го со брашно. Сипете ја смесата, а потоа одгоре рамномерно расфрлајте ги половина од зрната грозје, а другата половина сочувајте ја за подоцна, зашто првите зрна ќе потонат и нема да се гледаат.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10 минути, потоа извадете го колачот и посипете го со останатото грозје. Вратете го колачот во рерна и печете уште 30-40 минути, додека тестото не се одвои од краевите на калапот. Готовиот колач попрскајте го со шечер во прав, почекајте малку да се излади, послужете и уживајте.