Почетна » Дива » Патувања » Истанбул како новогодишна шопинг дестинација

Истанбул како новогодишна шопинг дестинација

ПатувањаШопинг

Турската метропола Истанбул има многу убавини поради кои заслужува да се посети, но овој пат се фокусираме на шопингот и на Нова Година.

Сите шопингхоличарки кои бараат предизвик во новите патувања, не можат да ја сметаат својата листа за исполнета, ако не поминале низ улицата Абди Ипекчи (Abdi İpekçi Caddesi). Сите реномирани светски марки имаат свои продавници, вклучувајќи ги Луј Витон, Прада, Хуго Бос, Џорџо Армани, Гучи и Диор, а застапени се и амбициозни домашни дизајнери чии креации ветуваат. На оваа улица има и некои од најпознатите трговци со накит како Картие, но и турските луксузни продавници Вако (специјализиран за парфеми, чоколади и производи за свадба) и Бејмен (модна куќа која нуди свои колекции, но и од светски дизајнери како Стела Макартни, Долче Габана, Ив Сен лорен итн).

abdi ipekci luis vitton

Дури и интернет енциклопедијата „Википедија“ посветила сторија за настанувањето на овој кварт во Истанбул, познат како Нишанташи, каде што се вели дека бил населен од Турците кои по распадот на Отоманската империја избегале од Грција и Македонија. Исто така, тука се населили и малцинства од други етнички заедници како Грци, Евреи и Ерменци. Всушност, тие се одзвале на повикот на султанот Абдулмецид, кој во средината на 19 век го основал квартот, реновирал многу градби и употребувал стилови видени во Европа, по што изградил и полициска станица во нео-класичен стил и џамија (Teşvikiye Mosque) во нео-барок.

Во срцето на Нишанташи се наоѓа маалото Османбеј, кое денеска се смета за најексклузивен дел од градот, како за купување, така и за живеење. Главната улица се вика Румелија (Rumeli Caddesi), додека Абди Ипекчи е една од уличките во кои се скршнува од тука.

Наспроти плоштадот Таксим кој секогаш е преполн со луѓе, кремот на Истанбул тука има своја алтернативна прослава и дочек на Нова Година на отворено.

Оваа улица е именувана по турски новинар кој бил главен и одговорен уредник на весникот Милијет, кој живеел во близина.