Почетна » Нега » Коса » Со исхрана во борба против опаѓање на косата

Со исхрана во борба против опаѓање на косата

Коса

Доколку не станува збор за некоја болест или генетика, можно е да го намалите опаѓањето на вашата коса и да ја зацврстите со промена на начинот на исхрана.

Пред да посегнете по некои препарати од козметички или фармацевтски аспект, прочитајте која храна го спречува опаѓањето на косата.

Храна богата со витамин Б

Храната богата со витамин Б го намалува опаѓањето на косата и нејзиното стареење, го забрзува растот, ја намалува појавата на бели влакна и прави вашата коса да има сјај. За да го постигнете ова потребно е да конзумирате, риба, зеленчук, млечни производи, јаткасти плодови, грав, јајца, печурки и житарки,

Храна богата со протеини

Протеините се неопходна состокја во човековата исхрана и помагаат при обновувањето на енергијата и лечење на прекумерното опаѓање на косата. Протеините ќе ги најдете во јајцата, гравот, млечните производи.

Храна богата со Омега 3 масни киселини

Омега 3 масните киселини се важна состојка потребна за здравје организам, па тука се вклучува и здравјето на вашата коса. Одлични се против сува коса, опаѓање, првут и слаба циркулација во кожата на главата. За да ги намалите или спречите овие симптоми потребно е да конзумирате лосос, сардини, харинга, скуша и житарки, ореви и соја.

Храна богата со цинк

Цинкот помага во балансирање на нивото на хормони во телото како и создавање на ќелиите и правилна употреба на протеините, односно сѐ што е потребно за здрав и правилен раст на косата. За да внесете доволно цинк во вашиот организам потребно е да конзумирате школки, шкампи, црвено месо, спанаќ, брокули, кајсии и ореви.