Почетна » Нега » Здравје » Има начин да се подобри апсорпцијата на анти-оксидансите

Има начин да се подобри апсорпцијата на анти-оксидансите

Здравје

Познато е дека на човековото тело му се потребни анти оксидансите што ги внесуваме со исхраната, како организмот би можел успешно да се бори против слободните радикали кои предизвикуваат тешки здравствени проблеми.

Но сепак, секој индивидуален организам е посебен и може да има разлики од случај до случај. Доколку сакате да ја подобрите апсорпцијата на анти-осидансите, потребно е да конзумирате половина авокадо на ден или пак една супена лажица масло од авокадо.

Апсорпцијата на двата клучни каротиноида, антиоксиданси и бета-каротин, значително се зголемува кога ќе додадете авокадо или масло од авокадо во исхраната. Препорачаната доза е половина авокадо бидејќи содржи високо ниво калории.

Авокадото е масно овошје, но содржи мононезаситени масти кои придонесуваат за здрав проток на крв, кои го зачувуваат здравјето на мозокот. Го намалува крвниот притисок и го зачувува здравјето на мозокот. Богато е со витамин Е, еден од најмоќните природни антиоксиданси, и го штити мозокот од стареење.

За најмоќниот анти-оксидант познат на современата медицина, таканаречени гоџи-бобинки, можете да прочитате во нашата посебна сторија за нив.