Почетна » Дива » Патувања » Хотелот во Барселона со најубав мирис

Хотелот во Барселона со најубав мирис

Патувања

На само еден блок од познатата зграда на Гауди „Ла Педрера“, се наоѓа еден необичен хотел. Овде никој не се буни за мирисот од кујната, затоа што на приземјето од хотелот со полна пареа работи пекара.

HotelBakery

Семејството на сопственичката дало веќе четири генерации пекари, па затоа и хотелот се вика „Bakery“ (пекара).

Дека ништо не е оставено на случајот ни покажува и тоа што ентериерот на хотелот е дело на познатиот Лазаро Роса-Виолан, чии вештини се овековечени на страниците на магазините „Wallpaper“ и „Vogue“.  Вие одлучете дали повеќе ви се допаѓа белата спална соба со прекрасен поглед или салата за појадок со покрив од стакло каде што се служат најсвежите кроасани во Барселона.

BedroomBakery

TrpezarijaBakery