Почетна » Џет сет » Филм ТВ » Холивудските заработки излегоа на виделина!

Холивудските заработки излегоа на виделина!

Филм ТВ

Специјализираното списание „Vanity fair“ објави колку изнесуваат сумите што ги заработуваат вработените во филмската индустрија кога работат на еден високобуџетен филм кој е потенцијален „блокбастер“.

Листата на филмови кои имаат буџет поголем од 200 милиони долари се уште чека на нови наслови, но извесно е дека „Пиратите од Карибите“ се рекордери. Базирано на искуствата со другите филмови, извлечени се заклучоци кои се презентирани во следното видео. Ние ќе издвоиме само некои суми: главниот актер е најплатената личност (околу 12 милиони долари), додека режисерот е на ниво на вториот водечки актер и главниот сценарист (суми од 3,5 до 4,5 милиони долари). Директорот на фотографија (снимател) и монтажерот се (речиси) подеднакво важни како и продуцентите (еден милион долари), а во тоа друштво е и третиот по важност актер и композиторот на насловната тема. Тука завршува списокот со седумцифрени хонорари, но интересно е да се знаат и останатите: шминкерот и фризерот на главните глумци добиваат по 200 илјади дилари, каскадерите кои влетуваат за главните ликови заработуваат по 100.000 долари, додека обичните статисти или мали улоги носат „дневница“ од илјада до 20.000 долари. Мачка може да заработи околу 13 илјади долари, но тоа не е единствениот трошок кој може да донесе „лесна пара“: композиторите на песна што е искористена во филмот добиваат околу 50 илјади долари, додека официјалниот фотограф се „омрсува“ со хонорар од 75 илјади долари.

Сепак, сето ова на некој начин паѓа во сенка кога ќе ја забележите армијата што работи за визуелни ефекти и анимации, кој од кој подобро платени, наспроти забелешката дека има преку 5.000 актери кои имаат мали улоги (статисти) за кои добиваат мал хонорар, но тоа ги чини студијата преку 700 илјади евра. Погледнете и донесете свои заклучоци!