Почетна » Рецепти » Главни јадења » Гулаш потпечен во рерна

Гулаш потпечен во рерна

Главни јадења

Ако немате идеја што да зготвите за утрешниот ручек, пробајте ја оваа поинаква, но подеднакво вкусна варијанта за подготовка на гулаш, којa ќе ги задоволи и најпребирливите.

Состојки:

500 гр свински врат

500 гр говедски врат

500 мл вода

1 лажица маст

500 гр кромид

250 гр домат

шампињони (по желба)

250 гр свежа пиперка

50 мл масло

100 мл бело вино

шеќер

сушен зачин

лута црвена пипер

блага црвена пипер

Подготвување:

Исечкајте го  месото и ставете го во водата, додадете го шеќерот, маста и  1 лажичка сол и динстајте го половина час. Потоа додадете го кромидот исечкан на коцки, па оставете го нека се вари на тивок оган уште петнаесетина минути. Потоа додадете го доматот, пиперките и шампињоните и динстајте уште половина час.

На крајот додадете го маслото во кое претходно сте додале зачин, благата црвена пипер и црвениот лут пипер. Потоа додадете го виното.

Покријте го тенџерето со фолија и оставете го да се потпече во рерна половина час.