Почетна » Рецепти » Празнична софра » Глазирани пилешки крилца со сенф

Глазирани пилешки крилца со сенф

Празнична софра

Да не биде се до сармите и свинското, еве еден предлог помалку егзотичен, а повеќе вкусен, за закуска со пивце на новогодишната трпеза.

Ако сакате на домашните или гостите да им приредите крцкави маринирани крилца за изненадување на новогодишната вечера, еве како да ги приготвите.

Состојки:
16 пилешки крилца
½ лажичка црвен пипер
1 лажица сенф
едно сипување лут сос
1 лажица кафен шеќер
2 лажици соја сос
сокот и кората од 1 голем портокал
1 лажица маслиново масло

Состојките се за осум порции.
Измешајте ги сите состојки во голем сад.
Додајте ги пилешките крилца и измешајте ги додека не бидат убаво обложени од сосот. Покријте ги и оставете ги да отстојат во фрижидерот или преку ноќ.
Загрејте ја рерната на 200 °C.
Печете ги околу 30 минути, со едно превртување. Треба да потемнат и да станат лепливи. Уживајте.