Почетна » Рецепти » Бели печива » Гибаница со месо од готови кори

Гибаница со месо од готови кори

Бели печива

Од некои рецепти, кои ги приготвувале и нашите баби, едноставно не можеме да се откажеме. Побогатата варијанта на гибаницата со сирење е одлично решение за секоја празнична трпеза.

Ако многупати сте правеле/пробале гибаница со сирење, подготвени сте да преминете на следното ниво 🙂

Потребни состојки:

500 грама готови кори

500 грама мелено месо

1 компир

7 јајца

1/2 литар кисела вода

масло

вегета, црн пипер, црвен пипер по желба

Месото се пропржува со живиот рендан компир и со зачините. Пред крај, месото се тргнува од оган и пред да се излади во него се ставаат и две јајца и се измешува.

На намастена тава за пита се почнува со редење на корите. Секоја кора се попрскува со масло, а на секоја трета се става од филот со месото.

Најгоре се полева со 5 јајца изматени со половина литар кисела вода. Подеднакво е вкусна и топла, сервирана со павлака, а и изладена, во комбинација со ајвар или некоја крем салата.