Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Филмските диви во календарот на Пирели 2017

Филмските диви во календарот на Пирели 2017

Ѕвезди

Ако се сеќавате, минатата година во познатиот календар на Пирели се најдоа дванаесет успешни жени од сите области, а годинава се направени фото сесии со дванаесет познати ѕвезди на филмското платно без оглед на нивната возраст, кои се олицетворение на гламурот, убавината и стилот на Холивуд.

katewinslet

Автор на фотографиите по трет пат е познатиот Питер Линдберг, а календарот се сликал во мај и јуни, на пет локации и тоа во Берлин, Лондон, Лос Анџелес, Париз и Њујорк. Ѕвездената екипа ги вбројува филмските диви со вечна убавина почнувајќи од Шарлот Ремплинг, Ума Турман, Никол Кидман, Леа Сејду, Алиша Викандер, Кејт Винслет, Џулијан Мур, Робин Рајт, потоа Руни Мара, Анастасија Игнатова, па се до Пенелопе Круз и Хелен Мирен. Пирели издаде и краток тизер, во кој само се навестува како сето тоа ќе изгледа.