Почетна » Љубов » Романтика и врски » Седум факти за бакнувањето кои не сте ги знаеле

Седум факти за бакнувањето кои не сте ги знаеле

Романтика и врски

Мислите дека знаете се во врска со бакнежите? Овие факти ќе ве изненадат.

Подсвесна размена на информации

За време на бакнувањето, паровите потсвесно разменуваат информации. Докажано е дека жените на овој начин добиваат информации за генетската слика на мажот, кои можат да ѝ помогнат во одлуката дали тој е доволно добар партнер.

Жените сакаат…, а мажите сакаат…

Жените сакаат нежни бакнежи со помало присуство на јазикот, додека пак мажите преферираат „влажни“ бакнежи (машката плунка содржи тестостерон кој го поттикнува женското либидо).

Лошиот бакнеж како изговор за раскинување

Психолозите тврдат дека првиот бакнеж е многу важен за иднината на врската. Едно истражување покажало дека дури 66 % од жените и 59 % од мажите би прекинале добра врска поради лош бакнеж.

А лош бакнеж е…

Според истражување од 2012 година, најодбивна причина кај бакнежите е мирисот на цигари. На самиот врв биле и херпесот и други ранички, потоа мирисот на телото, испукани усни и лоши заби.

Бакнежите се добри за здравјето

Докажано е дека бакнежите го намалуваат стресот и невото на лошиот холестерол.

Бакнежите ги трошат калориите

Секако дека не размислувате за тоа за време на бакнувањето, но експертите тврдат дека со една минута бакнување се согоруваат 2 до 6 калории. Колку пострастен е бакнежот, толку повеќе калории се согоруваат. Тоа е добра вест за парот кој го собори светскиот рекорд за најдол бакнеж кој траел 58 часа, 35 минути и 58 секунди.

Среќните парови почесто се бакнуваат

Среќните парови, без разлика на годините и колку време се заедно и понатаму често се бакнуваат. Бакнежот го зголемува нивото на окситоцин, хормон кој поттикнува блискост и поврзаност, а го намалува нивото на кортизол, хормон кој го поттикнува стресот. Честото бакнување е знак за здрава и среќна врска.