Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Емили Ратајковски блесна во Санторини

Емили Ратајковски блесна во Санторини

Ѕвезди

Архипелагот на вулкански острови, наречен Санторини, официјално спаѓа во Грција од 1912 година и брои околу 14 илјади жители, но во летните месеци таа бројка се мултиплицира при наезда на туристите во градовите Фира и Оја.

Оваа година во Јужниот Егеј својот одмор го мина и топ моделот Емили Ратајковски, за што сведочат нејзините фотки објавени на Инстаграм профилот. Бидејќи фотографиите не оставаат впечаток дека се работи за официјална фото сесија, останува неодговорено прашањето кој е зад камерата и кој ја имал можноста да го мине одморот со полската манекенка. Фотографиите блескаат од сексапилот на убавата Емили и во моментов ги соборуваат рекордите на допадливост на оваа контакт мрежа.

Сите слики погледнете ги на https://www.instagram.com/emrata/