Почетна » Љубов » Искуства и совети » Екстремни крајности: јануари е месец на раскинувања и освојувања!

Екстремни крајности: јануари е месец на раскинувања и освојувања!

Искуства и совети

Првиот месец од годината нуди рекордни бројки во раскинување на врските, но и во склопување на нови, поради што отскокнува од сите други во тој поглед.

Британските експерти тврдат дека на почетокот од секоја нова година постои бран луѓе кои се зачленуваат на сајтовите за барање сродна душа, што е потврдено од сајтовите како Match и Tinder. Сајтовите како „How about we“ и „Christian Mingle“ потврдиле дека меѓу Нова Година и Денот на вљубените имаат пораст од 40% додека „Plenty of fish“ само на 3 јануари 2016 година очекувал да добие повеќе од 80 илјади нови членови.

– Повеќе од 51% на оние што се сингл донеле одлука да се социјализираат повеќе во Новата година и да најдат некој посебен,- гласи изјавата на Амарнет Томбре од Match дадена во 2014 година.

Истовремено, според американскиот „Вашингтон пост“, јануари е месец во кој е зголемена побарувачката за кондоми, за порнографски содржини, но во исто време има и најмногу зачнувања и раскинувања. После сето ова, нели ви се чини дека Денот на заљубените има перфектен тајминг во февруари?