Почетна » Нега » Лице и тело » Египетска маска за вечно младо лице

Египетска маска за вечно младо лице

Лице и тело

Жените во стар Египет посветувале многу внимание на негата на своето лице, тело и коса, а немале современи креми и лосиони како ние денеска, па си ги приготвувале сами од природни состојки. Оваа чудесна маска на младоста се подготвува од една од најздравите природни лекови, медот, и неговите производи.

Состојки:

половина лажичка пчелен полен (можете да го најдете во подобро снабдените продавници за здрава храна)

една лажичка мед

20 грама пчелен восок

2-3 капки тинктура од прополис

70 мл масло по желба (маслиново, бадемово, кокосово, од грозје)

Пчелниот восок ставете го во чиста тегличка и прелијте го со маслото, со тоа што ќе оставите малку масло настрана. Другите состојки, прополисот, медот, тинктурата и останатото масло, измешајте ги во подлабок сад додека не добиете густ крем. На пареа загрејте го восокот со маслото додека не се стопи. Потоа додајте го на другите состојки, и добро измешајте додека не се направи мазна кремаста мешавина. Смесата ставете ја во стаклената тегличка и вашата крема е готова!

За поубав мирис можете да додадете и некоја капка есенцијално масло, на пример од лаванда. Мачкајте се навечер и кога ќе се разбудите ќе имате мека, нежна и хидрирана кожа, а ако ја чувате добро затворена, кремата ќе ви трае и неколку месеци. Инаку, кремата можете да ја употребувате и за цело тело, дури и како балсам за усни.