Почетна » Рецепти » Салати » Една поинаква салата со туна

Една поинаква салата со туна

Салати

Оваа салата ќе ве спаси многупати кога ќе ви дојдат ненајавени гости или ако сакате да им подготвите вкусен намаз на децата кога фрижидерот ви е празен како за варосување 🙂

На намачканото лепче со салатава можете да ставите црвен кромид или сецкана кисела краставичка, а најдобро од се е што се подготвува брзо во процесор за храна или со рачно мешање на состојките.

Потребни состојки:

425 гр туна во солило, исцедена

125 гр крем сирење, на собна температура

1/2 шолја кисела павлака

1 лажица црвен пипер

2 лажици ситно сецкано младо кромитче

25 мл сок од лимон

свежо мелен црн пипер и сол по вкус

Ставете ги туната, крем сирењето, павлаката, сокот од лимон и црвениот пипер во процесор за храна и убаво сомелете ги. По вкус зачинете со сол и црн пипер.

Префрлете ја смесата во мал сад и попрскајте ја со сецканото младо кромитче.

За сервирање, послужете со топол багет или крцкав фурнаџиски леб.