Почетна » Семејство » Свадба » Еден прекрасен ден…

Еден прекрасен ден…

Свадба

Вие станавте модерна невеста која знае што сака, а што не. Вашата венчавка не сакате да биде по истата шема како и останатите? Сакате да промените нешто но не знаете што?

Можете да започнете со конфети. Доколку ви се досадни пченицата, железните парички и бомбоните, шарените конфети можат да ја направат вашата венчавка поинтересна. Ако не сакате конфети, обидете се со хартиени авиончиња, балони од сапуница или семе за птици.