Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Џенет Џексон ќе стане мајка за првпат

Џенет Џексон ќе стане мајка за првпат

Ѕвезди

Познатата пејачка, најмала од деветте деца Џексон и сестра на поп иконата Мајкл Џексон, го очекува своето прво дете. Џенет сама ја сподели оваа вест за магазинот „Пипл“ и го покажа стомачето, заблагодарувајќи му се на Бога за благословот.

Инаку, 50-годишната Џексон од 2012 година е во брак со милијардерот од Катар, Висам ал-Мана, кој и е трет сопруг. Извори блиски до семејството велат дека Џенет е многу возбудена за приновата и дека се чувствува одлично.

Џенет ја започна својата музичка кариера во 1982 и досега има издадено 11 албуми, од кои последниот „Unbreakable“ во 2015 година, и е седумкратен добитник на музичката награда „Grammy“.