Почетна » Рецепти » Зимница » Џем од свежи јагоди

Џем од свежи јагоди

Зимница

Кој може да одолее на ароматичниот џем од јагоди, што ќе биде омилен додаток за вашите палачинки, колачи или едноставно да си го намачкате на топло лепче во студените зимски денови.

Состојки:

2 кг јагоди

1 кг шеќер

1 ванила

сок од 1 лимон

Јагодите посипете ги со шеќерот и ако сте во можност оставете ги да преноќат така. Ако сакате да ви биде помазен џемот, јагодите исечкајте ги со миксер или процесот за храна. Варете ги на не многу силна температура, со постојано мешање. Додека се вари џемот, ќе излегува пена, која би требало да ја вадите со лажица. Кога ќе престане да излегува пена, џемот е готов, или едноставно проверете дали е доволно густ со тоа што ќе извадите малку на чинивче и ќе го оставите да се излади.

Топлиот мармалад се собира во топли тегли претходно измиени, и ставени на 100 степени во рерна околу 30 мин. За да бидете сигурни дека нема да се расипе, се затвора со нови капачиња или целофан. Оставете ги теглите сами да се изладат во рерната, па потоа можете да ги преместите на ладно.