Почетна » Рецепти » Зимница » Џем од јагоди и кокос

Џем од јагоди и кокос

Зимница

Со доаѓањето на сезоната на јагодите, пробајте ја оваа прекрасна комбинација на јагоди со кокос. Ќе ве воодушеви.

Состојки:

400 мл сок од јагоди

100 гр кокосово брашно

1 кг јагоди

500 гр шеќер

1 ќесичка лимонтус

50 мл бел рум

1 ќесичка џемфикс екстра 2:1

Подготовка:

Измијте ги јагодите, исчистете ги, па исецкајте ги на парчиња. Сокот од јагоди заедно со кокосовото брашно ставете ги во тенџере и гответе ги на средна температура околу 5 минути.

Од 500 грама шеќер, одземете 2 лажици и промешајте ги во посебен сад со ќесичката џемфикс. Во тенџерето со кокос додадете ги јагодите, шеќерот, лимонтуот и румот (по желба).

Гответе 5 минути откако смесата ќе зоврие, и непрестајно мешајте. Можете да ги испасирате јагодите пред крајот, но убаво е и да остане некое парче овошје.

Додадете го џемфиксот и промешајте, па гответе уште 3 до 5 минути и константно мешајте. Тргнете го тенџерето и ако е потребно отстранете ја пената од по страните.

Веднаш ставете го џемот во подготвените тегли, чисти и суви. Наполнете ги и затворете ги со метални капаци. Превртете ги теглите наопаку, па оставете ги така 5 минути, а потоа вратете ги во нормалната положба.