Почетна » Нега » Природна храна » Две одлични храни за подобро варење

Две одлични храни за подобро варење

Природна храна

Многу луѓе внимаваат што јадат, но дали мислат на варењето? Ако не се вари храната добро, не ги добивате потребните хранливи состојки. Треба да јадете свежо овошје и зеленчук за да внесувате ензими кои помагаат при разложувањето на храната. Но кои два продукти се најдобри за варењето? Можеби ќе се изненадите.

Прва на списокот е киселата зелка, популарна кај нас во зимските месеци, а позната по тоа што пред многу векови ги спасила морнарите на Колумбо од скорбут, затоа што содржи два важни витамини за коските, Ц и К, но и железо, кое уште подобро се апсорбира заради присуството на витаминот Ц. Таа е богата со влакна и пробиотици, познати како пријателски бактерии од кои е составена цревната флора, па заради тоа киселата зелка помага при нејзино обновување, а со тоа го подобрува варењето. Покрај тоа, оваа супер храна помага во намалување на воспаленија, при слабеење, а е богата и со антиоксиданти. Но внимавајте, загревањето на киселата зелка ги уништува пробиотиците, па избегнувајте да ја јадете готвена.

Уште една супер храна за дигестивниот систем е цвеклото, богато со влакна, а нискокалорично. Во него има калиум, манган, магнезиум и бакар, а и фолати, кои се неопходни за синтеза на ДНК во клетките, па затоа на бремените жени им се дава фолна киселина. Цвеклото е добро и за срцето, зашто штити од состојките кои ги затнуваат крвните садови. Тоа воедно е одличен извор на природен шеќер, а корисни се и неговите лисја, зашто се богати со витамин Ц, кој се бори против слободните радикали, како и со витамин А, кој е корисен за очите и кожата. Флавоноидот, пак, дејствува против воспаленија, алергии, бактерии, вирусни и габични инфекции и рак. Затоа размислете освен коренот на цвеклото, во вашата исхрана да го додадете и листот.