Почетна » Нега » Лице и тело » Домашни маски за лице со мед

Домашни маски за лице со мед

Лице и тело

Денес можете да најдете голем број на производи на база на мед, но доколку сакате да се обидете со домашни рецепти, еве неколку со кои вашето лице ќе заблеска.

Млеко за чистење на лице:

Растопете две лажици мед во 50 мл млеко, а потоа додадете една лажичка бадемово масло и една лажичка сок од лимон. Со малку памук нанесете го на кожата, а по неколку минути измијте го лицето со топла вода.

Тоник за лице:

Во 200 мл дестилирана вода додадете 100 мл 70% алкохол, а потоа додадете 4 лажици мед. Пред употреба добро промешајте го тоникот.

Пилинг за лице:

Две лажици мед промешајте ги со една лажица пченкарно брашно и една лажица сок од порокал. Нанесете ја смесата на влажно лице, нежно измасирајте и потоа исплакнете го лицето со топла вода.

Ноќна крема:

Во една лажица обичен крем за лице додадете една лажица мед и една мала лажичка бадемово масло. Кремот можете да го употребувате секој ден.

Гел против брчки околу очите:

Во 100 мл дестилирана вода растопете една лажица желатин, а потоа додадете две лажици мед и една лажица сок од лимон.

Хранлива маска за секаков тип на кожа:

Лажица квасец промешајте со една лажица мед и две лажици зеленчуков сок (сок од домати, зелка и сл.) Смесата оставете ја да стаса на темно место. Кога ќе се зголеми смесата , нанесете ја на лицето и оставете ја 20 минути. Доколку се случи смесата да се стврдне на лицето, омекнете ја со сок од зеленчук.

Маска против брчки и сува кожа:

Лажица свеж квасец промешајте ја со една лажица глицерин или мед. Добиената смеса нанесете ја на лицето и оставете ја 10 до 15 минути. Потоа измијте го лицето со топла вода. Маската се препорачува за секојдневна употреба.

Маска за чистење и дезинфицирање на лицето:

Две лажици алкохол, две лажици вода и 100 грама малку загреан мед добро промешајте ги, а потоа со памук нанесете тенок слој на лицето. По 10 до 15 минути измијте го лицето.

Маска за еластична и затегната кожа на лицето:

Две лажици мед загрејте ги на пареа, потоа додадете две лажици брашно и две лажици јогурт. Промешајте ја смесата и нанесете ја на лицето. Оставете ја така половина час, а потоа измијте го лицето со топла вода. Маската се препорачува да се користи еднаш неделно.