Почетна » Рецепти » Слатки » Домашни Фереро Роше бомбици

Домашни Фереро Роше бомбици

Слатки

Кој да му одолее на ова богато чоколадно задоволство, а уште помалку кога едноставно можете да си го приготвите дома!

Состојки:

5 шолји (400 грама) наполитанки со лешник, дробени

300 грама лешници, излупени и исечкани

400 грама нутела крем

100 грама млечно чоколадо

200 грама црно чоколадо

Најпрво во чинија издробете ги наполитанките со лешник. Лешниците ставете ги во загреана рерна на 130 степени 20-тина минути, малку да се потпечат, потоа нека се изладат, па истријте ги за да им паднат лушпите. Исечкајте ги или измелете ги и додајте ги во издробените наполитанки. На крај додајте им ја нутелата и добро измешајте ја смесата со раце. Оставете ја смесата покриена во фрижидер 30-тина минути за да се здрви малку. Потоа од неа обликувајте топчиња. Топчињата ставете ги на хартија за печење и повторно во фрижидер на половина час.

Во меѓувреме растопете ги на пареа двата вида чоколадо, па внимателно потопувајте ги топчињата во него за да бидат обложени од сите страни со чоколадо, па повторно редете ги на хартија за печење. Готовите Фереро Роше топчиња повторно ставете ги да се изладат и потоа уживајте во ова чоколадно ремек дело од вашата кујна.