Почетна » Рецепти » Зимница » Домашни колбаси

Домашни колбаси

Зимница

Сите вие кои сте „скарани“ со чварките, а сакате убаво мевце за во зима, направете си домашни колбаси.

Потребни состојки:

7 кг свинско месо (мелено)

2, 5 кг говедско месо (мелено)

лук

блага пиперка

лута пиперка

црн пипер

100 мл бело вино

сол

100 гр свежа сланина исецкана на коцки

Начин на приготвување:

Измешајте го месото, додадете ги зачините, пиперките и исецканата сланина. Виното измешајте го со лукот на тивок оган, а потоа додадете го во месото. Убаво промешајте. Смесата полнете ја во тенки или дебели црева и сушете ги колбасите  на ниска температура 15 до 20 дена.