Почетна » Рецепти » Слатки » Домашна Нутела

Домашна Нутела

Слатки

Овој чоколаден крем дефинитивно го сакаат сите, па зошто да не се обидете да го направите сами дома.

Потребни состојки:

50 гр млечно чоколадо

50 гр црно чоколадо

80 мл млеко

50 гр лешници

60 гр шеќер во прав

25 мл масло

половина лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Измелете ги лешниците додека не се добие смеса во прав. Во огноотпорен сад турете го млекото и додадете ја ванилата и парчињата чоколадо. Потоа додадете ги измелените лешници и маслото.

Топете ја смесата на пареа на средна температура. Додадете го шеќерот и промешајте добро додека да се соедини. Додека смесата е сѐ уште топла ставете ја во тегличка од 250 мл и оставете сосема да се излади, па потоа можете да ја чувате во фрижидер.

Пред да ја користите ставете ја да теглата во фрижидер најмалку 6 часа. Потоа само намачкајте го кремот и уживајте.