Почетна » Рецепти » Посна храна » Сос „песто џеновезе“

Сос „песто џеновезе“

Посна храна

Песто е италијански сос за тестенини, едноставен е и многу вкусен, а често се користи и како додаток со други јадења, месо и риба. Конкретно оваа верзија е од Џенова (pesto genovese).

Состојки:

4 китки босилек

100 мл маслиново масло

100 грама пармезан

50 грама пињоли (ако не најдете, можете да ги замените со бадеми или лешници)

2 чешниња лук

Сите состојки истолчете ги во аван, па потоа додајте го маслото или исецкајте ги во блендер, но не премногу ситно, сепак сакате да се распознаваат состојките. Сосот може да се јаде веднаш, а тоа шео ќе ви остане може да стои во фрижидер неколку дена. Со „песто џеновезе“ секое јадење ќе ви биде италијанско 🙂