Почетна » Рецепти » Коктели » Домашен ликер од праски

Домашен ликер од праски

Коктели

Ако ликерот од јагоди се прави со розе вино, логично, заради бојата, овој од праски се прави со бело вино и слично на тој од јагоди, не треба да го чекате долго време, веднаш може да се дегустира.

Состојки:

1 кг зрели праски

300 грама шеќер

500 мл бело вино

200 мл рум (бел или обичен)

1-2 ванили по желба

Праските убаво измијте ги, излупете ги и исечете ги на коцки. Ставете ги во сад за варење, па прелијте ги со шеќерот и додадете го виното. Ставете ги да зовријат на неколку минути, додека се стопи шеќерот. Потоа тргнете ги од оган, и оставете ги да се изладат. На крај, додадете го румот, и ако сакате ванила, ако не, доминантна ќе биде прекрасната арома на праска. Измешајте убаво и сипете го ликерот во шише. Не морате да го цедите, тој ќе биде подеднакво вкусен и ако во него ги оставите коцките овошје. Уживајте.