Почетна » Рецепти » Слатки » Домашен јафа колач

Домашен јафа колач

Слатки

Периодот е кога има многу портокали, па еве еден стар рецепт за сочен и лесен јафа колач, ако сакате вистински ароматичен зимски десерт.

Состојки:

4 јајца

20 лажици шеќер

20 лажици млеко

20 лажици брашно

15 лажици масло

прашок за пециво

Фил:

100 мл вода

200 грама шеќер

4 лажици мармалад од кајсија

1 смрзнат портокал

Глазура:

100 грама чоколадо

2 лажици вода

1 лажица масло

Изматете ги со мискер јајцата и шеќерот, додајте ги маслото, млекото и на крај брашното со прашокот за пециво. Сипете ја смесата во тава за печење претходно обложена со хартија за печење. Печете на 220 степени додека не зацрвени малку. Кога ќе се излади, извадете ја хартијата од пандиспањата, исечете по 2 сантиметри дебела лента од двете страни на пандиспањата и издробете ја.

За филот, сварете ги водата и шеќерот, додајте ги мармаладот и ситно изренданиот смрзнат портокал, добро измешајте и оставете го да се излади.

Премачкајте ја пандиспањата со филот, а потоа прелијте ја со глазурата од чоколада. Кога ќе се излади колачот, сечете го со топол нож за да не ви испука глазурата.