Почетна » Љубов » Раскинувањe » Добрите страни на осаменоста

Добрите страни на осаменоста

Раскинувањe

Никогаш во животот не се затвора врата без да се отвори прозорец. Искористете го времето додека сте слободни и уживајте во убавите работи додека некој не ве освои. Раскинувањето не е едноставна работа, особено за оние кои се оставени, а секое помислување на саканиот може да ви предизвика болка. Во моментите кога ќе останете сами треба да сфатите дека тоа што некој ве оставил и не мора да е толку лоша работа. Ако тоа ви се случи сетете се на следново:

– Сега имате време да го остварите тоа што го сакате.

Кога не сте во врска имате повеќе време да се посветите на своето хоби и конечно можете да зготвите и да јадете сѐ што ќе посакате.

– Можете да спиете сами.

Го имате целиот кревет на располагање, никој нема да ви ‘рчи, а во креветот може да ви се придружи и некое од домашните миленици.

– Конечно имате повеќе време за дружење со пријателите.

Пријателите и семејството ви стануваат поблиски бидеќи можете да поминувате повеќе време со нив.

– Уживајте во вашето хоби.

Слободното време кое се појавило во вашиот живот исполнете го со нешто што навистина го сакате, а така ќе ги наполнете и батериите и ќе се чувствувате дека сте полни со енергија.

– Дружете се со нови луѓе.

Можете слободно да излегувате и да запознавате нови луѓе. Не заборавајте да останете позитивни и да не се навраќате на минатото.

– Бидете свесни дека сте слободни.

Сега можете да се облекувате како сакате, да останете во кревет колку што сакате, а објаснувањата некому зошто сте дошле дома толку доцна веќе не постојат.

– Вашиот простор уредете го по ваш вкус.

Вашиот дом може да блеска од чистота или да одржувате креативен неред, тоа е само ваша одлука.

Добро искористете го периодот кога сте слободни, бидејќи некој може да ве освои кога најмалку очекувате…