Почетна » Дива » Мода » Диор ја промовираше новата колекција со половина милион цвеќиња

Диор ја промовираше новата колекција со половина милион цвеќиња

Мода

Креаторот на „Диор“ Раф Симонс имал визија за колекцијата пролет-лето 2016: девојка излегува од цветен универзум и прави да процвета целиот свет. Ако тоа ви звучи спектакуларно, замислете си уште и како сето тоа се случува среде дворот на музејот Лувр во Париз.

На конструкцијата на овој нестварен свет деноноќно работеле 100 луѓе, од цвеќари до мајстори за тапацир, 15 кранови го поставиле скелето, а потоа биле потребни 300 часа работа за целата конструкција од 2 илјади квадратни метри да биде обложена со органска почва и да бидат засадени повеќе од 400 илјади сини диви зумбули. Присутните тврдат дека местото мирисало чудесно! На забрзаната снимка погледнете како се садат половина милион цвеќиња за половина минута.

А исто како и сонот од кој бил инспириран, и овој цветен свет исчезна преку ноќ, иако голем дел од цветовите биле префрлени во ексклузивното ателје на „Диор“ каде што клиентите како Тејлор Свифт можат одблизу да уживаат во нив, а и во моделите од колекцијата.

diorrevija

Видео од промоцијата на колекцијата „пролет – лето“ за 2016 година