Почетна » Љубов » Романтика и врски » Девет знаци дека e со вас само за секс

Девет знаци дека e со вас само за секс

Романтика и врски

Ако сте загрижени дека вашиот партнер е со вас само заради секс, еве неколку знаци за кои самите мажи за магазинот „Woman’s Health“ тврдат дека се непобитен доказ за тоа.

1.Ви ја ускратува предиграта. Ако вие честопати сте се погрижиле за неговото орално задоволство, а тој не ви возвраќа на ист начин, вие сте зафркнатата страна.

2.Не ве запознава со пријателите. Ако навистина сакал да ве вклучи во неговиот живот, ќе почнел од другарите.

3. Никогаш не прашува за вашите пријателки, семејство или работа. Од истата причина, тој не сака да се плетка со такви работи, но ако е подготвен за врска, нема да му пречи да ја запознае и таа ваша страна.

4. Зафатен е за правење планови. Секогаш кога ќе предложите вечера или прошетка, ја избегнува темата, зашто со вас сака да биде само близу до креветот.

5. Ви пишува порака кога е излезен, но само за подоцна да се најдете кај него дома. Не залажувајте се, тоа што се случува на таков начин не е романтичен состанок.

6. Не ги сака девојките на неговите другари, и не се плаши да го каже тоа. Ако вашиот партнер нема да каже ништо убаво за девојките на неговите пријатели, тоа е знак дека ни тој не сака да биде во врска.

7. Многу се труди да не заборавите нешто кај него. Кога ве потсетува дали сте зеле се, значи не сака да има ништо што е во врска со вас кај него, во случај, на пример, да се вратите пак или да го најде некој друг?!

8. Никогаш не ви прави и не ве носи на појадок. Ако навистина е заинтересиран за вас, би го направил тоа, ако не, ќе си купите геврек на пат накај дома.

9. На се гледа од аспект на сексот. Ако сте имале одлична презентација на работа, ќе ви рече: „Сигурно изгледаше секси со ласерскиот покажувач во рака.“ Дали сте сигурни дека сакате да бидете со некој кој ја пропушта секоја шанса да ви даде комплимент?