Почетна » Семејство » Во брак » Десет трикови како да ја преживеете првата година во брак

Десет трикови како да ја преживеете првата година во брак

Во брак

Ако сте под притисок или сте несигурни како ќе го отпочнете заедничкиот живот со партнерот, не грижете се.

Следете ги овие трикови и нема да имате поголеми проблеми во прилагодувањето и бракот.

1. Научете да слушате.

Затворете ја устата, и внимателно ислушајте го партнерот. Пред да навлегувате во конфликт, размислете дали вреди да се расправате за капачето од пастата за заби.

2. Донесете одредени правила за домот.

Договорете се за обврските во домот, а ако е потребно запишете ги и закачете ги на фрижидерот.

3. Не напаѓајте го партнерот кога ќе имате различни мислења.

Кога имате различни мислења, не напаѓајте го партнерот со лоши изрази како што се „Ти си луд!“ и „Како е можно да си толку глупав?“. Таквите изрази нема да ви бидат од помош.

4. Сетете се да се заблагодарите.

Пред бракот сте љубезни и културни, но во брак често се заборава зборот „Благодарам“ кога партнерот ќе ви помогне околу секојдневните обврски.

5. Уживајте во бакнежи и прегратки.

Нема ништо поубаво од прегратка од саканиот на крајот на исцрпувачкиот ден.

6. На мажите им е потребно малку време само за нив.

Кога партнерот ќе се врати од работа, не започнувајте со тоа колку ви бил лош вашиот ден. Причекајте да се раскомоти и сам да појави интерес. Доколку го пречекате со убав оброк, неговиот омилен пијалак или весникот што го чита, сигурно ќе знае да го цени тоа.

7. Жените не бараат решение за секој проблем.

Некогаш на жените им е потребно само да ги споделат секојдневните нервози со партнерот. Тоа не значи дека тој треба да смислува начин како да ѝ помогне бидејќи нејзината колешка е досадна.

8. Не повторувајте ги фразите што знаете дека партнерот сака да ги слушне.

Кога не се согласувате за нешто со партнерот, не повторувајте механички дека тој има право. Подобро бидете искрени, бидејќи партнерот ќе знае дека го залажувате дека имате исто мислење.

9. Имајте време за романса.

Секојдневно потсетувајте се зошто сте заедно, одржувајте ја романсата и повремено без поголема причина приредувајте си изненадувања.

10. Играјте си.

Има толку интересни работи кои можете да ги правите во брак, па потрудете се да бидат дел од вашето секојдневие. Иако сте возрасни, негувајте го детскиот дух.