Почетна » Љубов » Искуства и совети » Десет совети како да одржувате здрава врска

Десет совети како да одржувате здрава врска

Искуства и совети

Кога „ловот“ ќе заврши, сите напори треба да се вложат да се развие и зацврсти врската која што штотуку започнала. Можеби другарките ви шепнале по некој совет, но на вас останува како ќе се поставите, каков темел на врската ќе изградите и дали тоа ќе биде взаемно одлучено за да има долгорочна одржливост.

  1. Треба да се вложува во успешна врска

Тие не се случуваат туку така. Се создаваат кога двојките споделуваат што мислат и што чувствуваат, или идеално кажано, кога „стануваат едно“.

2. Можете да се промените себеси, но не и партнерот

Ако сакате некој и мислите дека по некое време тој ќе го промени однесувањето кое ви пречи, размислете подобро. Ако сакате промени, споделете ги со партнерот, за да знае тој што сакате.

3. Сите кавги се раѓаат од нашиот страв од болка

Кога ќе се вознемирите, проверете што се случува во вашата глава, наместо да му се лутите на партнерот. Всушност, вистина е дека најчесто не сме вознемирени поради тоа што сме мислеле.

4. Мора да разбереме дека мажите и жените се многу различни

Не сме од Марс или Венера, не сме ни во ист соларен систем. Со разбирање на тие разлики, заедничкото живеење ќе биде помирно, интересно и забавно.

5. Почитувајте се еден со друг секој ден

Секое утро, имате можност да ја направите вашата врска послатка и подлабока, така што повторно ќе се поврзете со партнерот. Кога си ценет и почитуван од партнерот, животот е поубав.

6. Лутината е губење на време

Лутината исто така ја убива врската затоа што прави да се чувствуваш себично и не можеш да го видиш доброто. Ако ве налутил вашиот партнер, дадете си време да се смирите, а потоа мирно да поразговарајте што се случува помеѓу вас.

7. Често синхронизирајте сe

Посетувајте работилници за двојки, зборувајте со советник за врски или заедно читајте книга за врски. Дури и ако мислите дека не ви се потребни идеи, самиот процес ќе ја зајакне вашата поврзаност.

8. Најдете начин да станете и да останете најдобри пријатели

За некои, ова не звучи романтично, но оние кои живеат така би рекле дека тоа е најубаво поминато заедничко време.

9. Бидете сами одговорни за вашата среќа

Ни една друга личност не може да ве направи среќни. Тоа мора да го направите сами. Ако чувствувате дека партнерот е виновен за тоа, размислете повторно, и видете што ви недостасува.

10. Дајте го она што сакате да го добиете

Нашите потреби се менуваат од време на време. Ако сакате да ве разбираат, обидете се и вие да го разберете партнерот. Ако сакате да почувствувате повеќе љубов, дадете повеќе. Едноставен концепт кој навистина функционира.