Почетна » Сештоманија » Феномени » Десет непознати факти за животот во Финска

Десет непознати факти за животот во Финска

Феномени

Иако може да се теоретизира дека Финска е блиску до Северна Кореја затоа што ги дели само една земја (Русија), постојат факти за вистинскиот живот во оваа скандинавска земја, а кои ќе ве зачудат бидејќи не се однесуваат на поларните зими, ниту на фамозниот Дедо Мраз од Лапонија.

Некои тврдат, но барем нам не ни е верно дека постојат повеќе сауни отколку автомобили, а од друга страна постои историска анегдота дека дека напаѓачкиот восклик во Втората светска војна за финските војници бил „Пукајте им во мадињата“. Целиот овој вовед би требало да асоцира дека следните 10 факти се поинтересни. Подготвени? Почнуваме:

1. Оваа земја е позната по големиот број езера, па дури и рели трката од светското првенство им се вика „Илјада езера“. Сепак, вистината е дека во Финска има 188 илјади езера, што во просек значи дека на секои 30 жители има по едно.

2. Овој податок е повеќе како од рубриката „Верувале или не“: Финска е единствената земја на светот каде што има информативни емисии на латински јазик!

3. Датумот 13 октомври се слави како Ден на неуспехот. Овој „празник“ е воведен од „дисциплински причини“ со цел да се научи дека неуспехот е составен дел од животот.

4. Коцкарниците во Финска не остваруваат добивка: целиот приход се дава во добротворни цели.

5. Жителите на Финска имаат највисок светски просек во пиење кафе! Годишно еден жител просечно пие по 12 килограми кафе, што е двојно повеќе од Италијанците, три пати повеќе од Британците и дури четири пати повеќе од Американците.

6. Обичаите во Финска наложуваат на погреби да се носи непарен број цвеќиња, чија боја е бела или жолта.

7. Ако полицијата констатира брзо возење, висината на казната зависи од износот на Вашата плата (процентуално).

8. Четири пати годишно, се организира Ден на рестораните, а тогаш секој може да биде угостител и да продава јадење и пиење, но не и алкохол, кој цело време се продава само во специјализирани продавници.

9. Жените во Финска се првите во Европа кои се стекнале со право на глас во 1906 година.

10. Сепак, современата демократија во оваа земја го забрани стрипот со Пајо Паторот кој водел неформален живот и живеел во „вонбрачна заедница“ со својата девојка Пата.