Почетна » Сештоманија » Шопинг » Десет мали работи од голема помош

Десет мали работи од голема помош

Шопинг

Сигурно често сте се нервирале кога не можете да се сетите каде сте ги ставиле клучевите, или дали сте ги нахраниле рибите.

Ако сте помислиле, „ех, да имаше некој да ме потсети“, да знаете дека има, затоа што во Брисбејн, Австралија, компанијата по име „Dreamfarm“ која ги произведува сите овие дребулии кои ви го олеснуваат животот. Меѓу нив се закачалките за клучеви или што и да е, кои можете да ги залепите насекаде.

Dreamfarm_Membo

Тука е и потсетникот за хранење на рибите, кој ќе го закачите покрај аквариумот, и ќе ја превртувате плочката кога ќе им дадете да јадат.

Dreamfarm_Teafu

А што ќе кажете за стискач на вреќичката чај?

Dreamfarm_Temji

Или регулатор за да си ја наместите водата под тушот секогаш да ви биде на температура погодна за вашето тело?

Dreamfarm_Tapi

Сакате да пиете вода од чешма? И за тоа има решение, во облик на гумен продолжеток.

Dreamfarm_Spink

Нема веќе истурање чаши на вашето биро со држачот на „Dreamfarm“.

Dreamfarm_Savel

А има решение и за да не ви се исуши пресеченото овошје.

Dreamfarm_Gripet

Наместо магнети, еден единствен држач на фижидерот за лесно ставање и вадење пораки.

Dreamfarm_Vebo

Силиконска цедалка за барење овошје и зеленчук.

Dreamfarm_Scizza

И на крај, во западен стил, ножица за сечење пица, чиј долен дел е како лопатка за послужување.