Почетна » Дива » Актуелно » Десет дена филмско уживање со Cinedays

Десет дена филмско уживање со Cinedays

Актуелно

Ноември е резервиран за европскиот филмски фестивал во Скопје, кој овојпат ќе трае од 10 до 19 месецов. Овојпат на програмата се околу 120 наслови во сите категории, од кои вкупно 14 филмови се во конкуренција за главните награди на 15-тото издание од фестивалот.

Концептот на фестивалската програма на Cinedays се состои од неколку главни програми:
Официјална програма, во која се прикажуваат дебитантски или втори филмски остварувања на млади и амбициозни режисери, за чии имиња допрва ќе се слуша. Во оваа селекција, авторите може да се здобијат со Награда за најдобар филм („Златна ѕвезда“), Награда за најдобра режија („Сребрена ѕвезда“) и Награда за најдобро сценарио („Сина ѕвезда“) доделени од меѓународно жири.
СинеБалкан програма, во која се прикажуваат исто така млади режисери со своите први или втори играни филмови, но фокусот е на автори од балканскиот регион. Филмовите во оваа програма се натпреваруваат за наградата Најдобар филм („Златно сонце“), исто така доделена од меѓународно жири.
ГАЛА програма (надвор од конкуренција), во која се прикажуваат најнаградуваните филмови од најголемите европски фестивали во тековната година, но и филмови од прочуени и европски режисери.
Покрај овие главни програми, Синедејс вклучува и програма посветена на музички документарни филмови, кратки филмови, филмови во специјалната програма наречена Земја во фокус, филмови за најмладите како и бројни работилници, предавања и дискусии посветени на темата филм.