Почетна » Џет сет » Ројал » Данската принцеза Мери обвини за кражба на идентитет

Данската принцеза Мери обвини за кражба на идентитет

Ројал

Една од најомилените европски благороднички, Принцезата Мери од Данска, обвини дека служејќи се со лажен идентитет, извесен криминалец кој се претставувал како нејзин брат, послужил како мамка за таблоидите да ја нападнат дека таа е во кавга со своето семејство.

Иако родена Австралијанка, таа е мошне популарна меѓу Данците, кои на неодамнешните анкети изразија 40% поддршка за данскиот принц Фредерик и неговата сопруга да ја преземат кралската палата Амалинборг во следните пет до десет години. Службата за односи со јавност во овој случај реагираше потенцирајќи дека нема намера да демантира разни трачеви, но во случајов бидејќи постои криминал и кражба на идентитет, тие решиле да се спротивстават на невистинитоста на сторијата објавена од „Дејли меил“ во Велика Британија.

Наводно, родената сестра на Принцезата Мери (Патриција Бејли) и нивниот брат (Џон Доналдсон), биле на патување во Рим, но не ја поканиле и актуелната благородничка, поради што весникот заклучил дека станува збор за кавга во семејството. Спорниот цитат бил пренесен од профил на социјалната мрежа Facebook, за кој кралското семејство тврди дека е лажен, односно го злоупотребува идентитетот на нејзиниот брат Џон.

Две седмици претходно, службата на кралското семејство демантираше и пишување на дански медиуми, поточно магазинот „Her&Nu“, според чија сторија Принцезата Марие ги зголемувала градите со тајна операција во Литванија.