Почетна » Љубов » Раскинувањe » Дали мажите патат повеќе од „скршено“ срце?

Дали мажите патат повеќе од „скршено“ срце?

Раскинувањe

Само што ставивте крај на вашата врска, тажни сте и веднаш ѝ се јавувате на најдобрата пријателка. Да, но што прави вашето поранешно момче и како се справува тој со ситуацијата?

 Иако жените се сметаат за поемоционални од другиот пол, ново истражување на таа тема покажало дека кога станува збор за скршено срце, всушност мажите страдаат повеќе од жените.

Истражувањето вклучувало социолози од универзитетот во Флорида, а било базирано на испитување на околу 1000 слободни мажи и жени на возраст од 18 до 23 години. Социолозите објаснуваат дека прекинувањето на врската повеќе ги погодува мажите затоа што помала е веројатноста тие да му се доверат на нивните пријатели па затоа се изолираат. Жените пак имаат блиски пријатели на кои би им се довериле и би побарале поддршка.

Мелани Бартли, социолог за истражувањата образложила дека: „Младите жени имаат одличен однос со семејството и пријателите и кога ќе имаат таква потреба можат да се потпрат на нив. Младите мажи пак не се доверуваат на своите најблиски и затоа се чувствуваат полошо и се изолираат. Машките врски повеќе се базираат на меѓусебно докажување отколку поддршка“.

Социолозите исто така потенцираат дека жените најчесто бараат утеха кај пријателите по раскинувањето, а поголема е веројатноста мажите да побараат утеха во дрогата или алкохолот.