Почетна » Љубов » Секс » Дали лажете за бројот на мажи со кои сте спиеле

Дали лажете за бројот на мажи со кои сте спиеле

Секс

Отворете го вашиот стар дневник, пронајдете ги старите фото албуми и почнете да броите, но искрено. Факт е дека разговорот за тоа со колку мажи сте биле во минатото е непријатен.

Таа тема е плодно тло за љубомора која секогаш сакаме да ја избегнеме. Меѓутоа, иако се обидуваме да побегнеме, едноставно не можеме да одолееме и сакаме да го дознаеме одговорот. Како да се снајдете и како да се извлечете од ваква ситуација? Поголемиот број на жени ќе ве посоветуваат да излажете.

Неодамнешното истражување, во кое учествувале 1365 жени, со старосна граница од 18 до 30 години, покажало дека 52% лажеле за вистински број на минати партнери. Најверојатно урбаната легенда е точна, дека жените го намалуваат бројот на сексуални партнери, додека пак мажите го зголемуваат бројот.

Меѓутоа, не е секогаш така. Една од причините поради која жените ги сакаат овие мали лаги, според психолозите, е да ја зголемат самодовербата. Во тој случај, го зголемуваат бројот на партнери. Од друга страна пак девојките кои го намалуваат бројот, го прават тоа бидејќи се плашат од осудувањето и реакцијата на партнерот.

По се изгледа дека девојките секогаш лажат, иако според психолозите, паровите всушност третина од времето заедно го поминуваат лажејќи се. Ако се знае тоа, лажењето за бројот на мажи со кои сте имале секс и не е страшно.

Како и да е, вашиот партнер треба да ве сака и почитува без разлика на бројот на сексуални партнери. Тој може да мисли дека бројот на ваши партнери е неумерен, преголем, премал или совршен… Но, вие и вашиот волшебен број сте во ист пакет.