Почетна » Семејство » Во брак » Дали да останете во брак само за доброто на децата?

Дали да останете во брак само за доброто на децата?

Во брак

Многу родители кои имаат проблематичен брак се запрашале дали треба да останат заедно за доброто на децата. Децата најмногу страдаат при разводот. Но колку можат да бидат сигурни родителите дека го прават тоа за доброто на децата.

Јасно е дека разводот е многу стресен за сите членови од семејството. Разводот исто така чини многу и од финансиски аспект. Со делот на поделба на имотот и алиментацијата за децата, ретко кој би можел да си го дозволи тој „луксуз“.

Но исто така и да се одбере да се живее во брак кој не функционира е многу стресно. Ако се чувствувате мизерно, верувајте децата го знаат тоа. Доколку пак демонстрирате гнев и незадоволство кон партнерот тоа исто така може лошо да влијае на децата. Со останувањето во нефункционален брак што всушност ги учите вашите деца? Каков пример сте за нив? Дали со тоа ќе им покажете дека доколку се несреќни на било кое поле во животот како што е работата, семејството, љубовта, да не очекуваат многу и да молчат и да бидат несреќни?

Ако им кажете на децата подоцна дека сте останале во брак само поради нив, можете да ги повредите уште повеќе.Пред  да одлучите дали да останете во брак или не, запрашајте се што ќе добиете од тоа што ќе се жртвувате за децата или кои се предностите во тоа да се разведете што побрзо.

Ако се прашувате дали постарите деца подобро се справуваат со разводот од помалите, тоа нема врска со годините. Помало дете може и полесно да се вклопи во новонастанатата ситуација отколку 8 годишно дете или тинејџер. Децата различно се справуваат со разводот не само во зависност од годините туку и од полот.

Изненадувачки е фактот дека не само родителите, туку и веќе возрасните деца имаат проблеми со прекинувањето на бракот. Ако децата имаат од 18 до 28 години тоа не значи дека ги прави имуни на разделувањето на семејството. Без разлика на годините, децата треба да се чувстуваат сигурно. Родителите треба да им кажуваат дека ги сакаат без разлика на тоа дали тие живеат заедно или не.

Ако одберете да останете во брак, не користете ги децата како причина. Доколку вие се плашите од разводот, прифатете ја вистината и или обидете се да ја подобрите комуникацијата со партнерот или бидете храбри и разведете се.

Подобро ќе ви биде сами, а тоа ќе биде подобро и за вашите деца.