Почетна » Рецепти » Бели печива » Чудесно мезе од векна леб

Чудесно мезе од векна леб

Бели печива

Секој сака кога има најавени гости да подготви добро мезе кое ќе одговара за намената на средбата, но некогаш се случува да се нема време или гостите да дојдат ненајавени.

Рецептот што ви го сугерираме е интересен бидејќи одговара за секоја период во денот. Основата ја сочинува една векна стар леб, а филот можете лесно да го прилагодите на тоа што имате во фрижидерот или на што ви се јаде во моментот (или пак одговара со пијалокот што го имате).

Состојки:

1 векна леб (бел, интегрален, багет)

1oo грама путер (или маслиново масло)

200 грама кашкавал исечкан на парчиња

младо лукче или кромидче

Лебот, по можност со крцкава кора за полесно сечење, се сече со остар нож дијагонално на едната, па на другата страна, но внимателно, не сосема до долу, за дното да остане цело.

pull-apart-bread4

Меѓу коцкичките се полева со стопениот путер, се редат парчињата кашкавал во исечените делови, па одгоре лукчето или кромидот. Можете пак да го намачкате со путер за да биде покрцкаво. Се става на фолија и од горната страна се покрива со друг дел од фолија.

Се става во загреана рерна на 200 степени. По 15 минути се вади горната фолија и се пече уште 5-10 минути додека не се зацрвени, а оние што сакаат да биде реш, може и да ја зголемт температурата на 250 степени. Извадете го од рерна и послужете го топло.

Љубителите на месо можат да додадат и сланина или кулен покрај кашкавалот. Буквално им нема крај на варијациите кои можете да ги направите со ова мезе за мерак.

 

Schlage ein Brot in Alufolie ein und backe es im Ofen. Wenn du die Folie lüftest, sind alle begeistert.

Posted by Geniale Tricks on Sunday, February 28, 2016