Почетна » Рецепти » Слатки » Чоколадна торта со бисквити и ореви без печење (видео)

Чоколадна торта со бисквити и ореви без печење (видео)

Слатки

Не разочарувајте се ако не сте експерт за печење торти, за овој рецепт не треба да приклучувате рерна, а резултатот е подеднакво добар и за гледање и за јадење.

Состојки:

800 грама бисквити

100 грама ореви или лешници (плус 100 грама за декорација)

200 грама шеќер

60 грама какао

1 шолја (240 мл) вода

150 грама путер

1 ванила

120 грама павлака за готвење (35% масленост)

120 грама чоколадо за готвење

Бисквитите се кршат на помали парчиња. Оревите се потпекуваат на рингла во нелеплива тава околу 5 минути.

Настана во помало тенџере се замешува шеќерот со какаото, и постепено му се додава шолја вода со постојано мешање за да нема грутчиња. На крај се додава путерот и се става на средна температура да проврие околу 7-8 минути со постојано мешање. Потоа тргнете го настрана да се излади 10-15 минути. Потоа додадете 1 ванила. Прелијте ја мешавината од бисквити и ореви со смесата од какао, па убаво измешајте. Потоа префрлете ја смесата во калап за торта и убаво израмнете ја.

Потоа ставете ја во фрижидер да се стврдне 30 до 60 минути.

Во тоа време стоплете ја павлаката на оган без да дозволите да зоврие, па со неа прелијте го чоколадото, оставете да постои една минута, па измешајте го додека не добиете мазен крем. Потоа со него прелијте ја тортата и ставете ја во фрижидер да се лади барем 3-4 часа пред сервирање. Тортата декорирајте ја со печени ореви или лешници.