Почетна » Дива » Настани » Целодневна крводарителска акција за Голема Богородица

Целодневна крводарителска акција за Голема Богородица

Настани

Празникот „Голема Богородица“ е повод за организација на крводарителската акција што оваа година се одржува по 14 пат во Дом на АРМ.

Акцијата ќе се спроведе од 9 часот до 17 часот, при што организацијата е на општинскиот Црвен Крст од Центар, а во соработка со Институтот за трансфузиологија. Минатата година биле собрани 242 единици, па очекувањата се дека оваа година таа бројка би можела да биде поголема бидејќи е во викенд.