Почетна » Рецепти » Главни јадења » Брзи шпагети карбонара

Брзи шпагети карбонара

Главни јадења

Ако сте големи фанови на тестенините, сигурно сте слушнале за карбонара тестенини. Ова е еден брз, лесен и многу вкусен рецепт. Пробајте и нема да зажалите.

Состојки:

3 јајца

1 и пол ќесичка пармезан

150 гр сланина

400 гр шпагети

сол

пипер

маслиново масло

Подготовка:

Во длабок сад ставете вода да зоврие. Во тавче, загрејте го маслиновото масло и пропржете ја сланината која веќе сте ја исецкале на мали парчиња. Во тенџерето ставете ги шпагетите да се сварат. Во сад за послужување изматете ги јајцата. Додадете го пармезанот, солта и пиперот и повторно убаво промешајте. Штом шпагетите ќе бидат готови, брзо исцедете ги и додадете ја смесата од јајца. Прелијте ги со жешката сланина, а можете да го додадете и маслото. Добро промешајте. Од топлината на сланината и шпагетите, смесата од јајца ќе се зготви. Послужете ги додека се топли.