Почетна » Рецепти » Слатки » Брза торта со ананас

Брза торта со ананас

Слатки

Ако омилен десерт ви е овошна торта, ова е рецепт само за вас. Лесна, брза и неверојатно вкусна торта со ананас која мора да ја направите уште денес.

Состојки:

250 гр конзервиран ананас

3 шолји кисела павлака

3 лажици шеќер во прав

150 гр бисквити

150 гр мелени бисквити

1 пакување слатка павлака

Подготовка:

Бисквитите потопете ги во сокот од ананас од конзерва и наредете ги. Измешајте ја киселата павлака, шеќерот во прав, ситно исецканите парчиња ананас и измелените бисквити. Филот ставете го врз наредените бисквити. Оставете ја тортата во фрижидер 15 минути. Изматете ја слатката павлака и ставете ја врз тортата како шлаг. Декорирајте со неколку парчиња ананас.