Почетна » Дива » Патувања » Божествениот Капри – одморалиште на богатите

Божествениот Капри – одморалиште на богатите

Патувања

Природен пејзаж со убавина која ви го одзема здивот, тоа е чудесниот брег на Капри ви го заробува погледот и ви ја заведува душата, оставајќи ве да лебдите меѓу небото и морето. Заплискуван од водите на Тиренското море, оваа сензуална оаза се наоѓа на јужната страна од заливот на Неапол. Истиомениот главен град ви нуди луксуз и опуштање со поглед на тиркизното море,  меѓу богатата медитеранска вегетација и историските споменици.

Шармот на Капри бил откриен одамна, па во втората половина на 19-тиот век островот веќе станал популарно место меѓу европските актери, писатели и други познати личности, а во педесеттите години од минатиот век негови чести гости биле Клерк Гебл, Софија Лорен и Џеки Кенеди. На островот каде се доаѓа со ферибот воглавно нема автомобили, па можете да уживате во пешачењето низ бавните, змиулести патеки и 17 километарскиот брег на традицијата, уметноста, историјата, пејзажите и убавината кои навистина го прават овој остров уникатно Божје дело.

kapri3

Subject: capri images italy - dreamstime travel On 2013-03-15, at 3:19 PM, Byers, Jim wrote: Jim Byers_Travel Editor Toronto Star office: 416-869-4337 mobile: 416-540-4361 Blog: http://thestar.blogs.com/travel twitter username: jimbyerstravel dreamstime_l_25433923.jpg dreamstime_l_6308026.jpg

kapri4

kapri6